Style3[OneLeft]

Style3[OneRight]

Style4

Style5

Овој е главниот резултат кој што произлегува од една сондажа реализирана во периодот јануари 2016-2017, реализирана од страна на УФО Консалтинг од Тирана-Албанија, преку нејзините ограноци “ЦГ ПЕМА”Феризај-Република Косово и Културната асоцијација “Динјитети” во Тетово.
Целосниот работен документ со десеттина графикони може да се симне од интернет адреса на УФО Консалтинг:
Сондажата е направена со три групации: на верниците (анкетирани 2678), на ангажираните теолози по џамии-муфтии (анкетирани 578), и службениците на 13 муфтиства (32 анкетирани) на Македонија, во периодот Ноември 2016-Јануари 2017
година.
Главната цел на сондажот е да ја мери перцепцијата и довербата на муслиманските верници во врска со ИВЗ и нејзините органи. Други слични сондажи-истражувања можат да се спроведат и во иднина и пристигнатите резултати од ова прва сондажа можат да се употребат како база за следење на линијата на ова перцепција и доверба со тек на години.
Споредбите помеѓу три различни групации можат да се направат само за она група на прашања насочени кон довербата на Ријасетот и нејзините органи на ИВЗ. Во ова група се вклучени прашањата како:
Колку сте задоволни со работата на поглаварот на ИВЗ?
Колку доверба имате према поглавар на ИВЗ?
Колку сте задоволни од управувањето на ИВЗ од актуелниот поглавар на ИВЗ?
Освен ова група, сондажата содржи и други прашања кои се специфични за секој шампион, тоест (шампионот на верниците, шампионот на ангажираните теолози по џамии и верските службениците по муфтиствата на ИВЗ), и што третираат слични прашања како што незаконски активности, корупцијата во ИВЗ и начинот како да се излегува од ова неповолна ситуација.
Перцепциите и ставовите на јавноста резултирани од сондажата, се мисли дека биле влијаени од медиумите од фактот дека ИВЗ во овој период нејзиниот поглавар бил топ тема во многу елекронски и печатени медиуми, како во земјата така и надвор од неа.
Сондажата е од истражувачка квантитативна природа. Главниот инструмент за собирање на мислења и перцепции е еден структуиран и прилагоден прашалник за три главни аудиенции на студирање : јавноста, теолози и службениците на муфтиствата на земјата. Од фактот што прашалникот бил краток и не одземал време за исполнување на истиот, студентите биле употребени за администрирање чело на чело овој прашалник со граѓаните. Додека прашалникот по муфтиствата бил администриран преку еклектронската пошта.
Овој сондаж на мислење на јавноста и службениците на ИВЗ се стреми да ја евидентира нивото на довербата на јавноста кон ова Институција, која што е единствената исламска институција во земјата, како и ставот на граѓаните како нејзините службеници кон перформансите на ИВЗ на одвивањето и авансирањето на исламскиот живот во земјата, како и пристапноста на услугите за муслиманите на земјата.
Пронаоѓањето на ова сондажа на сумиран начин може да се прикаже со неколку клучни зборови ; негативна слика на актуелното управување на ИВЗ, голема незадоволност со верскиот живот во земјата, со управните органи на верските институции во земјата ги карактеризираат активностите и природата на верските институции како и нивните активности, мошне ниска доверба на верските институции, негативни и антиверски активности.
Во време кога се очекува еден верски лидер да се воспознава преку верски и хуманитарни активности, во спротивно со ова, поголем дел на анкетираните (85%) изјавуват дека го познаваат за сомнителни активности (види табела бр.8).
Голем процент на анкетираните (88%) потврдуваат дека делувањето на Ријасетот на ИВЗ не е во општо во согласност со националните интереси (види табела бр.9).
Ако избирањето на реис улема би било на рацете на муслиманите од земјата, 96% од анкетираните не би го изгласале никогаш Сулејмна Реџепи на чело на ИВЗ. (види табела бр.10).
Ако името на еден верски лидер на меморијата на верниците треба да асоцира со верскиот лик, спротивното се случува со Сулејман Реџепи, каде што анкетираните одговориле дека истиот ќе се памти како крадец (40%), како предавник (33%), како и обвинет за соработник на УДБ (21%), (види табела бр.11).
Верниците изјавувале ниски нивоа на доверба кон нивните врески интитуции Ријасетот и Муфтиството. Додека довербата кон Муфтиството е повисок во споредба со Ријасетот, одговорите покавуваат една длабока кризна доверба на верниците кон нивните верски институции 80% верници не веруваат воопшто кон Ријасетот, додека истиот показател за доверба кон Муфиството е понизок, само 53% на граѓаните не веруваат воопшто кон Муфтиството (види табела бр.12).
Високи нивоа на незадоволство со работата на сегашниот Реис Улема изјавуваат муфтиите, приближно 100% на муфтиите воопшто не се задоволни/малку задоволни (види табела бр.13). Овие високи нивоа на незадоволство на муфтиите кон работата на актуелниот Реис Улема не зборува само за тоа дека овие органи се во иста линија на незадоволство со верниците на нивните реони-подрачја кои се во спротивност со Сулејман Реџепи, туку како колетивни органи кои што се повеќе сведочат едно лицемерство или пак се фатени залог од Сулејман Реџепи на кој што му изразуваат доверба, но меѓувремено нивното анкетирање ја покажува спротивната страна на проблемот.
На високи нивоа на незадоволство (88%) за одвивање на верскиот живот во земјата изјавуваат и имамите, кои што исто така (99%) покажуваат незадоволство во одбрана на нивното достоинство и инереси од страна на ИВЗ, како и високо незадоволство (93) со работата на Муфтиството.
Муфтиствата изразуваат дека се многу зависни од извршување на обврските (72%), (види табела бр.14). Овој одговор доведува и до другиот резултат кој што зборува за корупција, неискреност и меѓусебно лицемерие. Затоа што од една страна најголемиот дел на муфтиите не се зависни од Сулејман Реџепи, додека истите не му изразуваат доверба. Молкот на овие органи против недоверливите дејцтвија на Сулејмна Реџепи се прави благодарение на ова независност кои што ја уживаат од страна на нивниот лидер, реис улема на ИВЗ.
Поголемиот дел на анкетирани во Муфтиствата (72%) изјавуваат дека се спремни да му се придружат на Движењето за Реформни на ИВЗ, кога истовремено истата група на анкетирани (31%) верува дека надминувањето на проблемите на ИВЗ може да се направи преку едно сеопфатен Покрет на Имамите, додека (28%) веруваат дека Движењето за Реформи на ИВЗ може да биде соодветната алтернатива во надминување на проблемите во ИВЗ.
Негативната карактеристика како полтронизмот, соработката со реисот во коруптивни активности, инфериорното настојување наспроти другите вери и отсуството на професионалната спремност за да се биде на раководните позиции, ги сочииуваат муфтиствата во перцептијата на анкетираните во Муфтиствата. Додека мошне негативни активности, наспроти природата и духот кој што треба да ја обликуваат една верска институција, од страна на верниците истото се перцептира како најчести појави во ИВЗ, тоест како шантажирање на органите на ИВЗ, допирот на ИВЗ од несоодветни и некомпетентни луѓе.
Ако настојуваме во истата линија на прашања, имамите реферираат за три појави кои се поизразени во ИВЗ. Нивните ставови покажуват дека антиверските активности кои ја предводат листата се: неинституционалните активности-изјавувани од 80% од анкетираните; непотизмот (73%), кражба (60%), корупцијата (50%).
Загрижувачки се високите нивоа на недоверба кон двете институции, ријасетот, муфтиствата, иако има една разлика каде што ријасетот има мошне поголем степен на недоверба. Како имамите така и верниците се очекуваат да веруваат повеќе на муфтиствата отколку на ријасетот.
80% од верниците воопшто не веруваат во Ријасетот, додека истиот показател за довербата кон Муфтитсвото е 53%. И имамите изгледа дека веруваат повеќе во Муфтиството отколку во Ријасетот.
Несомнено ова студија се окончува со многу знаќајни заклучоци како што се:
- Исламската Верска Заедница е единсвената верска институција во реонот и пошироко која што нема точен датум на нејзиното основање, но постојано се вели дека постои повеќе од шест векови! Од ова подразбираме дека и покрај несовесното вековно управување на ова институција од страна на верските лидери, како и да е, муслиманската популација заблагодарувајќи на големата почит на верниците кои ја имале за истата, го одржувале во живот за да ја изразуваат нивната дициплинирана институционална форма. Но во нивните мемории верниците немалезапаметено многу имиња од нивните верски лидери. Дали зборува ова, дека муслиманската популација на земјата никогаш не била во добри односи-врски со верските лидери кои што традиционално биле избрани или именувани од страна на различните владители.
- Овој феномен, кој што покажува за врската помеѓу верскиот лидер и муслиманските верниците на земјата, е пренесен и доследен се до ден денеска. Ова се сведочи и преку проаноѓањето на на сондажата преку кој биле анкетирани верниците и службениците на ИВЗ.
- Пронаоѓањата на прашалникот во врска со перцепцијата на верниците на земјата, за актуелното управување на ИВЗ се општо очајни, исклучувачки и навредливи. Ова подразбира дека верниците од земјата, тие од исламка вероисповед, се осеќат без управител, или со еден управител кој што не ја изразува волјата на мнозинството и нивното задоволство за да се биде муслиман. Ова зборува дека ако би било во нејзини раце тие во мнозинство би настојувале против актуелниот поглавар кој што неправендо е на чело на ИВЗ на РМ.
- Во исто ниво на доверба (недоверба) за чудо се и управителите на муфтиствата но и службениците кои служат по џамиите на земјата. Во себе ова сведочи за една непослушност према лидерот, но не и за една тенденција за минирање на исламскиот верки живот во земјата, или за една анархија во аспект на развојот на верскиот живот во Македонија. Не се сака веркиот лидер, но се остварува желбата и волјата за еден институционален исламски живот во земјата.
- Исламската Верска Заедница во РМ, е една институција која што води една екстремистичка и концентрирана централизирана политика во рацете на само едно лице тоест (верскиот лидер). Недопирна тоталитарна филозофија која што нема ниту една допирна точка со исламските прописи и начела.
- Во ИВЗ нејзиниот лидер е самиот претседател, сам менаџер, сам директор, сам декан, сам главен муфтија и сам Ријасет (колективен орган), самиот изведувач и администратор, сам сметководител и самиот лице за контакт со светот, сам портпарол и новинар (колумнист). Поради тоа е “најпопуларна фигура” меѓу муслиманите на нашата земја.
- Во Македонија, 80% граѓаните со исламска вероисповест го сочинуваат албанците како етникум. и секоја девијација од исламските прописи, ја искривува и чистата слика на албанците на ова Република. Албанските муслимани се многу богобојазни-посветени на своето верување, поради тоа истите колективно им се придржуваат на верските активности како и во делот на одржување на исламките верски храмови-објекти.
Секоја злоупотреба на овие активности и придонеси како Албански муслимани, приори паѓа врз грбот на албанците како етникум. Поради тоа, не саму еднаш биле изразени сомнежи над албанците како носители на сомнителни и опасни активности со суфиксот “исламист”!
- Истражувањата покажаа дека поголемиот дел на верниците не го прифаќат за реис улема Сулејман Реџепи. Едно такво неприфаќање се манифестира и преку пишувања, реакции, коментари и објавувања на анализи преку електронски и печатени медиуми како во земјата така и надвор од неа, дури и до межународни односи, (како што беше оној од Америчкиот Стаде Департмент во 2014 година). Само во 2016 година се објавиле повеќе од 270 текстови како и илјадници коментари во многуте статуси на албанците од земјава и странство. Сите овие текстови придонеле еден голем придонес во креирањето на сеопфатниот профил-лик на Сулејман реџепи. Значи неговиот профил е еден конгломерат на неговите нехумани активности и делувања кои што преку постојаните критики истиот го донеле до тепих.
- Истражувањата на сондажот во врска со активностите кои што се случуваат во ИВЗ (види табела 17) не само што се очајни, туку и страшни во една држава која се стреми да воспоставува и развива демократски институции. Овие истражувања зборуваат дека, или државните органи се фатени (залог) од Сулејман Реџепи, или пак ова лице е толку мочен на кој што и овие институции не му можат ништо. Од друга страна, овие истражувања треба да бидат многу загрижувачки и за тие народни институции и асоцијации кои што треба да си осечат национална обврска отсранувањето на лошото семе од растението на нацијата.


About HIG

This is a short description in the author block about the author. You edit it by entering text in the "Biographical Info" field in the user admin panel.
«
Next
Newer Post
»
Previous
Older Post

No comments:

Komento


Top