Мола Суло не ни ги покажувај трагите затоа
што сите ја гледаат мечката. Поради тоа, не ни кажувај дали повикот е точен или
лажен, кажи ни кога ќе им ги доставиш (доделиш) парите на жителите на Хасанбег-Сингелиќ.
Фатени на една голема и страшна паника од
еден несовесен чекор на Мула Суло, на неговиот крадец Мустафа Даути или од
нивниот глув “дудук”, во целост го отрезнаа јавноста! Излезе еден
повик наводно дека ИВЗ ги повикува жителите на Хасанбег-Сингелиќ да им ги
подели собраните парични средтства по повод катастрофалните поплави, и овој
повик треба да се поздрави од сите муслимани на земјата. Ако
повикот е точен, тогаш ИВЗ на РМ заслужува да биде
прогласена како најсериозна Институција во земјата. Додека, ако повикот не е
точен, тогаш ни е жал од тие муслимани од Хасанбег- Сингелиќ и од никој друг.
Мула Суло полуде од овој повик. Ги пушти
неговите загарчиња кои што алудираат кој
им го има направено и темпирано овој “народен раздор”, дека повикот бил лажен, и дека нема ништо виситинито!
Го прашуваме јавно Мола Суло:
1. Дали е
вистина дека собраните средтства од Косово и Албанија за жителите на Хасанбег-Сингелиќ
и околината ти беа дадени во твојата рака од самото присуство на екселенциите
Скендер Бручај и Наим Тернава?
2. Дали е вистина дека ти самиот заедно со твојата алатка на злото
тоест Мустафа Даути, во Кондово ги имате донесено жителитре од Хасанбег-Сингелиќ
за да им дадете по 700 франци од парите донирани од нашиот џемат во Швајцарија?
3. Дали е
вистина дека си доделил пакети донирани од Општата Уптрава на Вакуфот од
Турција?
4. Дали е
вистина дека ги немаш доделено собраните пари кои што ти беа донесени од
верниците од Босна и Прешевската Долина а беа наменети за жителите на Хасанбег-Сингелиќ
и околината?
5. Дали е
вистина дека од собраните пари над 200
илјади евра од муслиамните на земјата наменети за жителите на Хасанбег-Сингелиќ
немаш дадено и дистрибуирано ниту еден денар?
6. Дали е
вистина дека од собраните пари од Албанија и Косово наменети за жителите од Хасанбег-Сингелиќ и околината, го немаш
дадено ниту еден денар?
7. Дали е
вистина дека за овие собрани пари како и за многу хуманитарни акции до ден
денеска на никому немаш дадено извештај. Ако ова не е вистина тогаш излегувај
со еден доказ кој што би зборувал за расход на овие средства од страна на ИВЗ
или од твојата фантомна хуманитарна организација посветени на жителите од
Хасанбег-Сингелиќ?
Според
сите овие наводи произлегува дека Мола
Суло собраните средтсва за жителите од Хасанбег-Сингелиќ ги има злоупотребено и
дека сега измислува различни наивни бајки за да ги оправдува неговите зло дела.
За да биде овој хорор уште поголем Мола Суло денеска пуштил еден парче демант
со кој што се стреми да го вклучи во игра
Ријасетот.
Мола Суло ниту вчера, ниту денес, но и завчера го нема собрано Ријасетот, немат
одржано никаква седница и не било донесена ниту една одлука. Замислете до која
мера е спремен да манипулира за да го спаси својот сопствен газ. Реагира во
името на еден колективен орган без да биде свикан и повикан за некојси
состанок. Единствен повик од Мола Суло бил да вработени на ИВЗ за 1,2 јануари
да не се појават на работа поради Нова Година. Додека, замислете го патриотот
за 28 Ноември им наредува сите вработени да бидат на своите работни места.
Мола Суло не ни ги покажувај трагите затоа
што сите ја гледаат мечката. Поради тоа, не ни кажувај дали повикот е точен или
лажен, кажи ни кога ќе им ги доставиш (доделиш) парите на жителите на Хасанбег-Сингелиќ, за
волја на оние деца, оние жени, оние семејства, кои што полудуваат од ладниот
мраз на овие денови, додека твоето семејство си ужива пред камините и оџаците
кои громуваат од дрвја и жар.
Уште едно прашање. На овој последен “состанок” на
Ријасетот, кој имал задача да го демантира повикот (!!!) дали ги има известено
членовите на Ријасетот во врска со парите кој што ги има донесено Тернава и
Бручај, тие од Босна и другите од Прешевската Долина. Како влегоа и излегоа тие
финансии, каде отидоа и кој ги има оплачкано. Ти согорува опашката Мола Сула,
не си во сон...
( Следуваат потписите на 97 имами на земјата)...
No comments: