Style3[OneLeft]

Style3[OneRight]

Style4

Style5

Порака до неискрените и дволичните према односот кон ИВЗ

Едно е повеќе од сигурно - заедно со Талат Џафери кој ќе се повлече од функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Шаќир Фетаи исто така „ќе си бега“ од украдената позиција на реис. Првиот заради партискиот пораз, вториот заради учеството во деструктивната афера на ИВЗ! Иако , за жал и двајцата се од Гостивар, првиот нема да може да го спаси вториот од времето што го носи со аферите на Сулејман Реџепи


Од Захир Бекири - ЧАУШ


Што значеше тоа што Талат Џафери испрати „поздрав“ до Мухамет Зеќири-Муки и Зоран Заев да не се мешаат во ИВЗ и да си ги држат рацете што е можно подалеку од оваа Институција!? Дали ова е институција на ДУИ? Не ја претворајте оваа света установа на муслиманите во земјава во банкарска филијала на ДУИ!
Јавно го прашувам Талат Џафери: која македонска партија, или еден Мухамет, или еден Заев, или кој било друг и наштети на Исламската верска заедница повеќе од блискиот пријател на Талат, Сулејман Реџепи, како и целата ДУИ?
Па дури ниту Никола Груевски, најголемиот албанофоб и антимуслиман во регионот, но моќник и сопственик на феудалците на ДУИ, кој беше благословен од Сулејман Реџепи, најголемиот милитант на ДУИ, не и наштети толку многу на Исламската верска заедница колку ДУИ. Во најмала рака, македонските партии што беа на власт постепено се обидуваа да и помогнат на ИВЗ со тоа што го денационализираа вакуфот, кој ДУИ веќе го имаше украдено.
Мухамет Зеќири-Муки никогаш не се мешал во ИВЗ, па дури и тој самиот не памти од кога нема стапнато во оваа установа! Муки отсекогаш имал само една грижа - зошто државните институции (особено оние што се контролирани од ДУИ) се толку корумпирани од Сулејман Реџепи и истите тие му даваат „благослов“ со кој го креваат на ниво на „светски лидер за мир“! Муки побара обвинителството да влезе во ИВЗ, да се вклучат релевантните државни институции и оваа институција да биде добро скенирана. На ставот на заменик претседателот на СДСМ никогаш не му се спротивстави неговиот партиски претседател, Зоран Заев, бидејќи оваа Институција го засега благочестивиот муслиман, а не Заев или уште помалку Талат кој нè претвори во митски церберус на ИВЗ! Муки изрази само исламски чиста загриженост и сите оние кои го критикуваат Муки за оваа заложба, вклучително и Талат Џафери, се најголемите душмани на ИВЗ и причинители за тоталното уништување на оваа установа. Зошто Талат Џафери не дозволува и зошто се плаши од детално скенирање на ИВЗ? Дали неговото име ќе се појави во некаква афера?
Талат Џафери барем знае дека тој не е соодветен да зборува за ИВЗ, затоа што, едноставно тој нејзе не ѝ ни припаѓа. Едноставно, тој е оддалечен милиони километри од пораките што оваа установа ги проследува! Но, ако тргне од позицијата на „болен локалист“, односно ако тргне од тоа дека веќе заврши епохата на Ѓаковците и дојде епохата на Каменичаните “, (ова беше трка во ерата на Тито), бездруго греши, бидејќи со тоа тој докажува дека е вовлечен во вртлогот на „гостиварскиот клан“ кој смета дека светот дефинитивно треба да се врти околу нив! Ако Талат Џафери смета дека „неговиот реис“, Шаќир Фетаи, не треба да биде малтретиран, еве токму овде го известувам дека според документите што кружат за него и околу него, нему му е загарантиран затвор, слично како и на Сулејман Реџепи, па дури и ако се преобрати целото „гостиварско лоби“, Шаќир Фетаи со помош на Семоќниот Бог ќе си оди од таа позиција. Не дека Муки го сака ова, или Заев, или Мицковски или некој друг, туку, едноставно, неговата историја и соживотот со Сулејман Реџепи му тежи на плеќи како „мечот на Демокле“, така што ниту Талат Џафери, ниту Али Ахмети, па дури ниту оние насилници што ја узурпираа ИВЗ, овојпат нема да можат да го спасат Шаќир Фетаи. Тоа е завршена приказна, а истата завршува со оваа реченица: Падна Сулејман Реџепи отидоа во бестрага сите негови соработници!
Талат Џафери, како еден „благочестив муслиман“, треба да побара надлежните државни институции да влезат во ИВЗ и детално да проверат што се случило во оваа институција која е скоро мртва, а не да манифестира „болен локализам“ сè до степен на Коронавирус!
Едно е повеќе од сигурно - заедно со Талат Џафери кој ќе се повлече од функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Шаќир Фетаи исто така „ќе си бега“ од украдената позиција на реис. Првиот заради партискиот пораз, вториот заради учеството во деструктивната афера на ИВЗ! Иако, за жал и двајцата се од Гостивар, првиот нема да може да го спаси вториот од времето што го носи со аферите на Сулејман Реџепи!
Северна Македонија овој пат мора да биде повеќе од убедена дека секој што бара албански и муслимански гласови, мора да докаже силно дека има начин во својата програма да ги избегне хиените што се настрвиле на ИВЗ и дека нема да добијат ниту еден глас сите оние кои што ги провоцираат овие хиени да ја распарчат до уништување Исламската верска заедница во РСМ.

ОЈО постапува по случајот за уапсениот советник на Спасовски

Основното јавно обвинителство – Скопје дава насоки и постапува по предметот за уапсениот функционер на Министерството за внатрешни работи, со иницијали Д.С., кој се сомничи за злоупотреба на службената должност.

Се очекува во текот на денов Јавното обвинителство да излезе со повеќе информации за случајот.

Од Министерството за внатрешни работи засега не кажуваат новини за приведувањето на нивниот функционер Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
По налог на Основното јавно обвинителство Д.С. вчера попладне беше приведен во полициската станица Кисела Вода, под сомнение за сторено  кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Дел од медиумите неофицијално објавија дека Д.С., бил уапсен за мито.
– Ако се случило незаконско работење, тука нема реконструкција, тука има кривични пријави и истраги пред обвинителството, изјави неодамна  премиерот Зоран Заев.
Посочи дека се прави преглед на сите резултати и активности во последните 10 до 12 месеци.
Според него, од прегледот треба да се види задоволството од работата на новата Влада од страна на граѓаните. Заев тогаш кажа дека очекува граѓаните да дадат свој коментгар за луѓето кои се поставени на високи и одговорни извршни функции.

Христијаните и муслиманите од Сопиште заедно кршеа јајца за Велигден

Со кршење јајца и кревање чаши муслиманските и православните жители на Општина Сопиште денеска го славеа Велигден. Семејствата на Зоран Симоновски и Томислав Алексовски им беа домаќини на муслиманските соседи од селата Света Петка и Чифлик кои им дојдоа на гости. Граѓаните од регионот се потсетуваатдека порано бројноста за граѓаните кои доаѓаат била поголема, но во последно време поради политичката ситуација традицијата се сведува на индивидуални посети во семејствата.
Гостите од Света Петка и Чифлик велат дека оваа традиција ја одржувале и нивните дедовци и прадедовци. Велат дека политичката криза не треба да ги нарушува долгите меѓуетничките односи.
“Сакаме тука да живееме заедно и не сакаме да ги расипеме односите поради политиките на некој во Македонија. Да им покажеме на граѓаните во Македонија дека ние навистина имаме соживот и си живееме. Мирот може да ни го расипе политиката. Оваа политика треба да прекине и да не подбуцнува бидејќи тоа не е добро за граѓаните и за нашите деца.” – вели Мазлам Латифи, Света Петка
“Ни честитаат секоја година, за секој Бајрам ни доаѓаа. Овој се вика Томе, овој Зоран, тој таму Илија. Се собираат неколкумина. Не идат за јадење и пиење, туку да ни изразат почитување. Затоа доброто треба да се враќа со добро колку што можеме.” – вели Назми Мухареми, Света Петка
На свечената трпеза кај домаќините имаше разно-разна храна и слатки, а клучна беше корпата со црвени јајца. Црвената боја на велигденското јајце ја претставува пролејаната крв на Исус, а силната лушпа на вареното јајце го претставува гробот на Исус. Традицијата на удирање и кршење на јајцето, подразбира отворање на гробот и воскреснување на Исус, односно повторно раѓање на животот. 

ЕКСКЛУЗИВНО: Сулејман Мутлуџан, уметникот поради кој беше детронизирана Исламската Верска Заедница во Република Македонија

Сулејман Мутлуџан,  има чувство на голема грижа што не го остава да биде спокоен. Неговото име се шпекулира како причина за потресите и доаѓањето на ова дереџе на Исламската Верска Заедница во Република Македонија. Овој уметник одлучил ексклузивно за  1KlikLarg, да зборува, да раскаже, и со надеж и молитви кон Семоќниот Бог да даде скромен придонес во надминување на проблемите и за враќање на своите колосеци на Исламската Верска Заедница, како единствена Исламска верска институција во Македонија.


                                                                  СУЛЕЈМАН МУТЛУЏАН, СУЛЕЈМАН РЕЏЕПИ И ХИММЕТ АВЧИ, СКОПЈЕ 2011


Уметник со албанско потекло, кој завршил класична музика, кој во 1977 година заминува во Виена да студира опера и кој, на негова несреќа, истиот ден, само што пристигнал на аеродромот, поради атентатот кој Ерменците го извршиле врз турскиот амбасадор, никогаш нема да успее да го пронајде својот куфер, со што ги изгубил сите патни документи, и за да опстане, ќе заврши на улица печејќи и продавајќи костени. Уметник кој продава костени! Сакан и почитуван од сите, татко на пет ќерки. По многу перипетии ќе стане успешен бизнисмен. Ќе отвори туристичка агенција и ќе се занимава со превоз на аџии од запад. Постепено оваа активност ќе ја прошири и на Кипар, каде што поради посебни заслуги во професионалното организирање на аџилак, ќе биде одликуван од заменик премиер Булен Аренчи.  Еден од илјадниците уметници и бизнисмени наредени под симболот на Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Едноставно, уметник, пред сè, еден сакан човек и хуманист, успешен наспроти разните предизвици на животот.
Сепак, Сулејман Мутлуџан, има чувство на голема грижа што не го остава да биде спокоен. Неговото име се шпекулира како причина за потресите и доаѓањето на ова дереџе на Исламската Верска Заедница во Република Македонија. Овој уметник одлучил ексклузивно за  1KlikLarg, да зборува, да раскаже со надеж и молитви кон Семоќниот Бог да даде скромен придонес во надминување на проблемите и за враќање на своите колосеци на Исламската Верска Заедница, како единствена Исламска верска институција во Македонија
Г-дин Сулејман, зошто ја имате грижата на лице кој ја детронизирал Исламската Верска Заедница, кога во оваа Институција никој не ве познава и речиси за никој не претставува ништо вашето име?!
Не, не, ме познаат, дури и многу добро ме познаваат. Со некои луѓе се знаеме толку долго што сме воспоставиле и пријателско досие. Реисот Сулејман Реџепи, не може да не ме познава, кога во неговиот кабинет, во присуство на пријатели, во раце му дадов 20 илјади евра за една услуга која требаше да ја заврши. Понатаму, Реисот Сулејман Реџепи, како и неговиот бандит, Мустафа Даути, не може да не ме познаваат кога на Хуманитарната Организација, во која правото на потпис ексклузивно го има Сулејман еф. Реџепи, и донирав еден џип, едно комбе за транспорт на хуманитарна помош, како и многу друга хуманитарна помош.
Од кога се познавате со овие две лица што ги апострофирате.  Како се запознавте?
Од 2008 до 2013 година, моето име во Турција, Бугарија и Кипар стана доста познато, што се должи на фактот дека мојата фирма многу успешно го организираше аџилакот. Во 2011 година сакав и во Македонија да продолжам со овој стремеж. Преку разни пријатели, преку различни врски што ги имав со моите сонародници од Македонија, главно преку Битолскиот муфтија, Плумб еф. Велиу, при крај на февруари 2011 година бев примен во кабинетот на Реисот Сулејман еф. Реџепи. Тој ме прими многу топло, разговаравме долго и широко за целта на мојата посета, за моите напори за техничко организирање на Аџилакот,  како  и за добивање на визи кои ќе бидат вишок за турските аџии. На првата средба не ме одби Ефенди Реџепи, дури ми даде и една искра на надеж дека, откако ќе го разгледа ова прашање со Меџлисот, ќе успее да ми одговори позитивно. Истата година, во последната недела од месец јуни, повторно ме прими Сулејман еф. Реџепи, од кого побарав да се грижам за превоз и сместување на аџии во светите места. Направив многу подготовки за убав аџилак за аџиите од Македонија и за многу добри погодности за Исламската Верска Заедница. Едноставно, се радував на фактот што Господ ми даде можност да придонесам, барем малку за моите сонародници, за Албанците и за Муслиманите на мојата земја од која што емигрирав во Турција. По три дена повторно се сретнавме во неговиот кабинет, и со себе носев 30 илјади евра за да ги оставам како капар. Меѓутоа, и овој пат Реисот ми рече дека треба да одлучи Меџлисот. Сепак, ми остави можност уште еднаш да се сретнеме. Дојдов во август истата година, а овој пат Ефенди Реџепи ми рече дека Арапите прават големи проблеми и дека за таа година беше невозможно да ми го даде техничкото организирање на аџилакот за 2011 година. Таа година, Сулејман Реџепи го организираше аџилакот со некојси Седат Уков!
Претходно го спомнавте и името на Мустафа Даути, на кој му се обраќате како на бандит на Сулејман Реџепи! Албанската јавност во Македонија го познава како претседател на Хуманитарната Организација ХИЛАЛ! Нели ви се чини дека навредувате еден хуман човек?!
Кај Мустафа Даути може сè да има, но хуманост и искреност апсолутно не! Како се запознав со овој човек? Преку разни контакти успеав да се запознам со еден имам од Македонија во Швајцарија, Имран Ахмети од Куманово! Ме повика во Швајцарија заради бизнис и таму дојде и ме запозна со Мустафа Даути. Веднаш ми се обрати Мустафа велејќи ми, дека како претседател на Хуманитарната Организација ХИЛАЛ ужива целосна доверба кај Реисот Сулејман Реџепи, и дека е во состојба да ми обезбеди вишок на визи, до 500 визи. Дури ми ја определи и цената, 1000 евра за виза. Притоа го спомна името на еден човек кој бил многу строг и кој бил главен за организирање на аџилак. Ми зборуваше за секретарот на Исламската Верска Заедница, за Африм Тахири, кој на Мустафа наводно му бил близок другар и сосед, па затоа му е и лесно да го убеди да не прави проблеми! Ме покани и јас отидов во Скопје. Само што се видовме ја покачи цената на визите на 1200 евра. Јас веќе дадов аванси за авиони и за хотелски резервации.  Моите визи повторно ги доби зетот на Седат Уков, Мехмет Назиф Балта?!
Мислите дека Мустафа Даути му игра зад грб на Сулејман еф Реџепи?
Воопшто не се сомневам во тоа! Во средината на месец јануари 2013 година, ми побара 3500 евра, затоа што тој заедно со Африм Тахири, требало да заминат на еден семинар во Турција, но за тоа немале финансиски можности. Ме убеди дека е добро да го спонзорирам овој семинар, бидејќи тоа подоцна ќе го принуди дивиот Африм Тахири да попушти и да ме прими на средба! Истиот ден, преку Western Union му пратив на Мустафа Даути 3500 евра. Мустафа Даути не еднаш доаѓаше во Турција, во мојот Ресорт заради летен одмор во Анталија, убедувајќи ме дека доаѓа со Африм Тахири и дека таму ќе се сретнеме за да се договориме околу организирање на аџилакот. Кога доаѓаше, доаѓаше само со своето семејство, лажејќи ме дека во последен момент Африм го вратиле од аеродром, бидејќи се појавил голем проблем во Исламската Верска Заедница. На три пати дојде и семејството на Плумб Велиу, сите на моја сметка. Трошев само за да се сретнам со Африм Тахири, со кој никако да се запознам и да го омекнам за да не ми попречува во бизнисот. Подоцна ќе излезе на виделина дека сите работеле зад грбот на Африм Тахири, кого нечесните го злоупотребуваа како стапица за да ме ограбат. Ова што го кажувам  можам да го документирам во секое време, пред било кој суд во светот.
Во месец март 2013 година, ме повика Мустафа Даути убедувајќи ме веднаш да дојдам истиот ден, бидејќи ќе се сретнеме со Африм Тахири. Тргнав, но Африм го немаше никаде. Мустафа ме изнесе надвор од Скопје и пиејќи кафе ми рече дека неговата Организација ХИЛАЛ има итна потреба за еден џип, едно комбе, па дури и за еден камион за превоз на хуманитарна помош. Џипот им го донесов по неколку дена, дури и го реновирав, и го донесов натоварен со прехранбени производи. Зачудувачки, џипот не го прими Хуманитарната Организација ХИЛАЛ, туку лично Мустафа Даути. Мене ми беше сомнително, но тој ме убеди дека претставува голем проблем, поради законите на земјата, да се направи такво нешто во име на организација, иако правото на потпис исклучиво го имаше Сулејман еф. Реџепи. Потоа ми рече дека Сулејман Ефенди Реџепи и Африм Тахири ти благодарат многу, но дека не се во можност да се состанат. Заминав! По неколку дена телефонски му се јавив на Мустафа и му реков дека најдов едно комбе Ford Transit за превоз на хуманитарна помош. Комбето ме чинеше многу скапо, бидејќи додека го донесов преку Србија, српските полицајци неколку пати ме одраа. Дојде Мустафа и повторно го изврши  примопредавањето во свое име, а не во име на Хуманитарната Организација ХИЛАЛ. Дополнително, притоа му дадов и 1500 евра на рака, бидејќи толку чинеле царинските трошоци. Повторно, Африм Тахири не беше во можност да се сретне со мене,  за што  Мустафа Даути имаше многу оправдувања! На Мустафа Даути  му донирав превозни средства во вредност од над 15 илјади евра за хуманитарни активности, а подоцна дознав дека донираните средства ги продал! Точно се знае за сé! За сето ова, и при секоја моја посета на Скопје, бев придружуван од мојот пријател Химмет Авчи, кој е сведок на настаните.
Но, овој неранимајко, Мустафа Даути, со дозвола на Реисот, ми се јави на телефон, при што ми кажа дека овој пат одлучиле аџиите со автобус да ги пратат со мене и со Имран Ахмети, имамот од Швајцарија, но дека од Јордан натаму треба да имаме авион. Бараат да им го спонзорирам регистрирањето на фирмата на име на Мустафа Даути, при што јас им дадов 2000 евра, додека целата процедура за регистрирање чини не повеќе од 250 евра.  Ми рекоа дека обезбедиле 150 аџии, и дека јас треба да резервирам авион, како и хотел за овие аџии. На крај, неранимајкото доаѓа со само 19 аџии. Повторно ме злоупотреби во име и со знаење на Сулејман Реџепи, додека, пак, со Африм Тахири, сé уште не се запознав. За жал, таа година, според Мустафа, Арапите не изразиле желба да дадат визи за Турците и дека Мустафа, бидејќи има другари големи мафијаши, ќе им се нафрлат на Арапите во хотелот и со сила ќе им ги земат визите. Ме замоли да имам трпение, гарантирајќи дека реисот Сулејман Реџепи ќе се пензионира во 2014 година, а дека во 2015 година Реис ќе стане Африм Тахири, а потоа гарантирано стопроценто аџилакот во Македонија ќе го добијам јас и никој друг, додека самиот Мустафа Даути ќе биде помошник на Реисот! Затоа, ми рече дека треба веднаш да и помогнам на Исламската Верска Заедница, најпрвин со 10 илјади евра, а вториот пат со 30 илјади евра. Се разбира, овој пат не се фатив на јадица, му реков не давам без да ми се обрати лично Реисот, а тој, пак, не ми ја побара оваа услуга!
Така, станав повод за големиот потрес во Исламската Верска Заедница, која, неминовно треба да се исчисти од нечистотиите. Му пишав на секретарот на Исламската Верска Заедница, Африм Тахири, двапати во мај и еднаш во јуни 2014 година, при што го запознав со сето тоа што го направив во негово име. Тој рече дека работи за да ме соочи со Сулејман Реџепи и Мустафа Даути, а  подоцна, додека чекаше повеќе од две недели одговор за да дојде до соочување, Реисот му дава на знаење дека соочување нема да има! Ова го присилува Африм Тахири, во знак на револт, да поднесе оставка и да иницира Движење за реформи во Исламската Верска Заедница.
Разбрав дека се и во судска процедура. Се разбира, очекувам да бидам поканет и јас како сведок и, едвај чекам да сведочам и да се соочам со овие типови кои се катастрофа за македонските муслимани. /1KlikLarg.com/ 



Сулејман Реџепи синоним на кражба, непотизам и корупција

Овој е главниот резултат кој што произлегува од една сондажа реализирана во периодот јануари 2016-2017, реализирана од страна на УФО Консалтинг од Тирана-Албанија, преку нејзините ограноци “ЦГ ПЕМА”Феризај-Република Косово и Културната асоцијација “Динјитети” во Тетово.
Целосниот работен документ со десеттина графикони може да се симне од интернет адреса на УФО Консалтинг:
Сондажата е направена со три групации: на верниците (анкетирани 2678), на ангажираните теолози по џамии-муфтии (анкетирани 578), и службениците на 13 муфтиства (32 анкетирани) на Македонија, во периодот Ноември 2016-Јануари 2017
година.
Главната цел на сондажот е да ја мери перцепцијата и довербата на муслиманските верници во врска со ИВЗ и нејзините органи. Други слични сондажи-истражувања можат да се спроведат и во иднина и пристигнатите резултати од ова прва сондажа можат да се употребат како база за следење на линијата на ова перцепција и доверба со тек на години.
Споредбите помеѓу три различни групации можат да се направат само за она група на прашања насочени кон довербата на Ријасетот и нејзините органи на ИВЗ. Во ова група се вклучени прашањата како:
Колку сте задоволни со работата на поглаварот на ИВЗ?
Колку доверба имате према поглавар на ИВЗ?
Колку сте задоволни од управувањето на ИВЗ од актуелниот поглавар на ИВЗ?
Освен ова група, сондажата содржи и други прашања кои се специфични за секој шампион, тоест (шампионот на верниците, шампионот на ангажираните теолози по џамии и верските службениците по муфтиствата на ИВЗ), и што третираат слични прашања како што незаконски активности, корупцијата во ИВЗ и начинот како да се излегува од ова неповолна ситуација.
Перцепциите и ставовите на јавноста резултирани од сондажата, се мисли дека биле влијаени од медиумите од фактот дека ИВЗ во овој период нејзиниот поглавар бил топ тема во многу елекронски и печатени медиуми, како во земјата така и надвор од неа.
Сондажата е од истражувачка квантитативна природа. Главниот инструмент за собирање на мислења и перцепции е еден структуиран и прилагоден прашалник за три главни аудиенции на студирање : јавноста, теолози и службениците на муфтиствата на земјата. Од фактот што прашалникот бил краток и не одземал време за исполнување на истиот, студентите биле употребени за администрирање чело на чело овој прашалник со граѓаните. Додека прашалникот по муфтиствата бил администриран преку еклектронската пошта.
Овој сондаж на мислење на јавноста и службениците на ИВЗ се стреми да ја евидентира нивото на довербата на јавноста кон ова Институција, која што е единствената исламска институција во земјата, како и ставот на граѓаните како нејзините службеници кон перформансите на ИВЗ на одвивањето и авансирањето на исламскиот живот во земјата, како и пристапноста на услугите за муслиманите на земјата.
Пронаоѓањето на ова сондажа на сумиран начин може да се прикаже со неколку клучни зборови ; негативна слика на актуелното управување на ИВЗ, голема незадоволност со верскиот живот во земјата, со управните органи на верските институции во земјата ги карактеризираат активностите и природата на верските институции како и нивните активности, мошне ниска доверба на верските институции, негативни и антиверски активности.
Во време кога се очекува еден верски лидер да се воспознава преку верски и хуманитарни активности, во спротивно со ова, поголем дел на анкетираните (85%) изјавуват дека го познаваат за сомнителни активности (види табела бр.8).
Голем процент на анкетираните (88%) потврдуваат дека делувањето на Ријасетот на ИВЗ не е во општо во согласност со националните интереси (види табела бр.9).
Ако избирањето на реис улема би било на рацете на муслиманите од земјата, 96% од анкетираните не би го изгласале никогаш Сулејмна Реџепи на чело на ИВЗ. (види табела бр.10).
Ако името на еден верски лидер на меморијата на верниците треба да асоцира со верскиот лик, спротивното се случува со Сулејман Реџепи, каде што анкетираните одговориле дека истиот ќе се памти како крадец (40%), како предавник (33%), како и обвинет за соработник на УДБ (21%), (види табела бр.11).
Верниците изјавувале ниски нивоа на доверба кон нивните врески интитуции Ријасетот и Муфтиството. Додека довербата кон Муфтиството е повисок во споредба со Ријасетот, одговорите покавуваат една длабока кризна доверба на верниците кон нивните верски институции 80% верници не веруваат воопшто кон Ријасетот, додека истиот показател за доверба кон Муфиството е понизок, само 53% на граѓаните не веруваат воопшто кон Муфтиството (види табела бр.12).
Високи нивоа на незадоволство со работата на сегашниот Реис Улема изјавуваат муфтиите, приближно 100% на муфтиите воопшто не се задоволни/малку задоволни (види табела бр.13). Овие високи нивоа на незадоволство на муфтиите кон работата на актуелниот Реис Улема не зборува само за тоа дека овие органи се во иста линија на незадоволство со верниците на нивните реони-подрачја кои се во спротивност со Сулејман Реџепи, туку како колетивни органи кои што се повеќе сведочат едно лицемерство или пак се фатени залог од Сулејман Реџепи на кој што му изразуваат доверба, но меѓувремено нивното анкетирање ја покажува спротивната страна на проблемот.
На високи нивоа на незадоволство (88%) за одвивање на верскиот живот во земјата изјавуваат и имамите, кои што исто така (99%) покажуваат незадоволство во одбрана на нивното достоинство и инереси од страна на ИВЗ, како и високо незадоволство (93) со работата на Муфтиството.
Муфтиствата изразуваат дека се многу зависни од извршување на обврските (72%), (види табела бр.14). Овој одговор доведува и до другиот резултат кој што зборува за корупција, неискреност и меѓусебно лицемерие. Затоа што од една страна најголемиот дел на муфтиите не се зависни од Сулејман Реџепи, додека истите не му изразуваат доверба. Молкот на овие органи против недоверливите дејцтвија на Сулејмна Реџепи се прави благодарение на ова независност кои што ја уживаат од страна на нивниот лидер, реис улема на ИВЗ.
Поголемиот дел на анкетирани во Муфтиствата (72%) изјавуваат дека се спремни да му се придружат на Движењето за Реформни на ИВЗ, кога истовремено истата група на анкетирани (31%) верува дека надминувањето на проблемите на ИВЗ може да се направи преку едно сеопфатен Покрет на Имамите, додека (28%) веруваат дека Движењето за Реформи на ИВЗ може да биде соодветната алтернатива во надминување на проблемите во ИВЗ.
Негативната карактеристика како полтронизмот, соработката со реисот во коруптивни активности, инфериорното настојување наспроти другите вери и отсуството на професионалната спремност за да се биде на раководните позиции, ги сочииуваат муфтиствата во перцептијата на анкетираните во Муфтиствата. Додека мошне негативни активности, наспроти природата и духот кој што треба да ја обликуваат една верска институција, од страна на верниците истото се перцептира како најчести појави во ИВЗ, тоест како шантажирање на органите на ИВЗ, допирот на ИВЗ од несоодветни и некомпетентни луѓе.
Ако настојуваме во истата линија на прашања, имамите реферираат за три појави кои се поизразени во ИВЗ. Нивните ставови покажуват дека антиверските активности кои ја предводат листата се: неинституционалните активности-изјавувани од 80% од анкетираните; непотизмот (73%), кражба (60%), корупцијата (50%).
Загрижувачки се високите нивоа на недоверба кон двете институции, ријасетот, муфтиствата, иако има една разлика каде што ријасетот има мошне поголем степен на недоверба. Како имамите така и верниците се очекуваат да веруваат повеќе на муфтиствата отколку на ријасетот.
80% од верниците воопшто не веруваат во Ријасетот, додека истиот показател за довербата кон Муфтитсвото е 53%. И имамите изгледа дека веруваат повеќе во Муфтиството отколку во Ријасетот.
Несомнено ова студија се окончува со многу знаќајни заклучоци како што се:
- Исламската Верска Заедница е единсвената верска институција во реонот и пошироко која што нема точен датум на нејзиното основање, но постојано се вели дека постои повеќе од шест векови! Од ова подразбираме дека и покрај несовесното вековно управување на ова институција од страна на верските лидери, како и да е, муслиманската популација заблагодарувајќи на големата почит на верниците кои ја имале за истата, го одржувале во живот за да ја изразуваат нивната дициплинирана институционална форма. Но во нивните мемории верниците немалезапаметено многу имиња од нивните верски лидери. Дали зборува ова, дека муслиманската популација на земјата никогаш не била во добри односи-врски со верските лидери кои што традиционално биле избрани или именувани од страна на различните владители.
- Овој феномен, кој што покажува за врската помеѓу верскиот лидер и муслиманските верниците на земјата, е пренесен и доследен се до ден денеска. Ова се сведочи и преку проаноѓањето на на сондажата преку кој биле анкетирани верниците и службениците на ИВЗ.
- Пронаоѓањата на прашалникот во врска со перцепцијата на верниците на земјата, за актуелното управување на ИВЗ се општо очајни, исклучувачки и навредливи. Ова подразбира дека верниците од земјата, тие од исламка вероисповед, се осеќат без управител, или со еден управител кој што не ја изразува волјата на мнозинството и нивното задоволство за да се биде муслиман. Ова зборува дека ако би било во нејзини раце тие во мнозинство би настојувале против актуелниот поглавар кој што неправендо е на чело на ИВЗ на РМ.
- Во исто ниво на доверба (недоверба) за чудо се и управителите на муфтиствата но и службениците кои служат по џамиите на земјата. Во себе ова сведочи за една непослушност према лидерот, но не и за една тенденција за минирање на исламскиот верки живот во земјата, или за една анархија во аспект на развојот на верскиот живот во Македонија. Не се сака веркиот лидер, но се остварува желбата и волјата за еден институционален исламски живот во земјата.
- Исламската Верска Заедница во РМ, е една институција која што води една екстремистичка и концентрирана централизирана политика во рацете на само едно лице тоест (верскиот лидер). Недопирна тоталитарна филозофија која што нема ниту една допирна точка со исламските прописи и начела.
- Во ИВЗ нејзиниот лидер е самиот претседател, сам менаџер, сам директор, сам декан, сам главен муфтија и сам Ријасет (колективен орган), самиот изведувач и администратор, сам сметководител и самиот лице за контакт со светот, сам портпарол и новинар (колумнист). Поради тоа е “најпопуларна фигура” меѓу муслиманите на нашата земја.
- Во Македонија, 80% граѓаните со исламска вероисповест го сочинуваат албанците како етникум. и секоја девијација од исламските прописи, ја искривува и чистата слика на албанците на ова Република. Албанските муслимани се многу богобојазни-посветени на своето верување, поради тоа истите колективно им се придржуваат на верските активности како и во делот на одржување на исламките верски храмови-објекти.
Секоја злоупотреба на овие активности и придонеси како Албански муслимани, приори паѓа врз грбот на албанците како етникум. Поради тоа, не саму еднаш биле изразени сомнежи над албанците како носители на сомнителни и опасни активности со суфиксот “исламист”!
- Истражувањата покажаа дека поголемиот дел на верниците не го прифаќат за реис улема Сулејман Реџепи. Едно такво неприфаќање се манифестира и преку пишувања, реакции, коментари и објавувања на анализи преку електронски и печатени медиуми како во земјата така и надвор од неа, дури и до межународни односи, (како што беше оној од Америчкиот Стаде Департмент во 2014 година). Само во 2016 година се објавиле повеќе од 270 текстови како и илјадници коментари во многуте статуси на албанците од земјава и странство. Сите овие текстови придонеле еден голем придонес во креирањето на сеопфатниот профил-лик на Сулејман реџепи. Значи неговиот профил е еден конгломерат на неговите нехумани активности и делувања кои што преку постојаните критики истиот го донеле до тепих.
- Истражувањата на сондажот во врска со активностите кои што се случуваат во ИВЗ (види табела 17) не само што се очајни, туку и страшни во една држава која се стреми да воспоставува и развива демократски институции. Овие истражувања зборуваат дека, или државните органи се фатени (залог) од Сулејман Реџепи, или пак ова лице е толку мочен на кој што и овие институции не му можат ништо. Од друга страна, овие истражувања треба да бидат многу загрижувачки и за тие народни институции и асоцијации кои што треба да си осечат национална обврска отсранувањето на лошото семе од растението на нацијата.


(Фото): Скандалозно: Парите од муслиманите кои се даваат во ИВЗ за садакатул фитр и зекат, завршуваат на коцка и проституција

Со парите собрани од муслиманските верници, наменети за зекат и фитар одат се коцкат во Хотел Казино Сенатор и Хотел Фламинго во Гевгелија.
На сликите освен што се гледа Авни Реџепи како држи во рака голема сума на пари, исто така во сликите се гледа во друштво на проститутка во Драч,  Албанија.
Почитувани муслимански верници, и вие сте информирани дека веќе Исламска Верска Заедница е уништена тотално, и во ова верска заедница се крије дрога, коцкање, кражба и многу други не морални и валкани работи. Главен организатор на овој криминал е Сулејман Реџепи со неговие синови и блиски соработници.
Кај Сулејман Реџепи сега се собрани само криминализирани лица со кои муслиманските верници се срамат да ги поздрават. Слитике кој стигнале на наша адреса се вистините и потврдени дека се работи за лицето Авни Реџепи ангажиран од страна на Сулејман Реџепи во хуманитарната организациа Хилал која е сопственост на ИВЗ.
Изворот потврдува дека пред неколку месеци кога Авни Реџепи заедно со преседателот на организацијата “Хилал” Мустафа Даути беа на посета Сириските бегалци во кампот во Гевгелија тие после посетата резервирале апартмани во Хотел Фламинго каде што плакале 200 евра за ноќевање и со пари собрани од верниците се коцкале.
Парите собрани од фитар и зекат без никаква евиденција се трошат од страна на Сулејман Реџепи, неговите синови и блиски пријатели. Тие често со тие пари посетуват центри за масажи во Александар Палас, ТЦЦ Плаза и Буши Ресорт. За масажа во Александар Палас често пати одат Заедно Сулејман Реџепи и Мустафа Даути. 










    
Текстот и сликите се преземени од Фејсбук Страната на Иса Бегова Џамија . Оваа новост пред неколку дена беше објавена на многу портали на албански јазик како во Македонија така и надовор од Македонија.

Ти согорува опашката Мола Сула, не си во сон

Мола Суло не ни ги покажувај трагите затоа што сите ја гледаат мечката. Поради тоа, не ни кажувај дали повикот е точен или лажен, кажи ни кога ќе им ги доставиш (доделиш) парите на жителите на Хасанбег-Сингелиќ.
Фатени на една голема и страшна паника од еден несовесен чекор на Мула Суло, на неговиот крадец Мустафа Даути или од нивниот глув дудук,  во целост го отрезнаа јавноста! Излезе еден повик наводно дека ИВЗ ги повикува жителите на Хасанбег-Сингелиќ да им ги подели собраните парични средтства по повод катастрофалните поплави, и овој повик треба да се поздрави од сите муслимани на земјата. Ако повикот е точен, тогаш ИВЗ на РМ  заслужува да биде прогласена како најсериозна Институција во земјата. Додека, ако повикот не е точен, тогаш ни е жал од тие муслимани од Хасанбег- Сингелиќ и од никој друг.
Мула Суло полуде од овој повик. Ги пушти неговите загарчиња  кои што алудираат кој им го има направено и темпирано овој народен раздор, дека повикот бил лажен, и дека нема ништо виситинито!
Го прашуваме јавно Мола Суло:
1.      Дали е вистина дека собраните средтства од Косово и Албанија за жителите на Хасанбег-Сингелиќ и околината ти беа дадени во твојата рака од самото присуство на екселенциите Скендер Бручај и Наим Тернава?
2.      Дали е вистина дека ти самиот заедно со твојата алатка на злото тоест Мустафа Даути, во Кондово ги имате донесено жителитре од Хасанбег-Сингелиќ за да им дадете по 700 франци од парите донирани од нашиот џемат во Швајцарија?
3.      Дали е вистина дека си доделил пакети донирани од Општата Уптрава на Вакуфот од Турција?
4.      Дали е вистина дека ги немаш доделено собраните пари кои што ти беа донесени од верниците од Босна и Прешевската Долина а беа наменети за жителите на Хасанбег-Сингелиќ и околината?
5.      Дали е вистина дека  од собраните пари над 200 илјади евра од муслиамните на земјата наменети за жителите на Хасанбег-Сингелиќ немаш дадено и дистрибуирано ниту еден денар?
6.      Дали е вистина дека од собраните пари од Албанија и Косово наменети за жителите од  Хасанбег-Сингелиќ и околината, го немаш дадено  ниту еден денар?
7.      Дали е вистина дека за овие собрани пари како и за многу хуманитарни акции до ден денеска на никому немаш дадено извештај. Ако ова не е вистина тогаш излегувај со еден доказ кој што би зборувал за расход на овие средства од страна на ИВЗ или од твојата фантомна хуманитарна организација посветени на жителите од Хасанбег-Сингелиќ?
Според сите овие наводи  произлегува дека Мола Суло собраните средтсва за жителите од Хасанбег-Сингелиќ ги има злоупотребено и дека сега измислува различни наивни бајки за да ги оправдува неговите зло дела. За да биде овој хорор уште поголем Мола Суло денеска пуштил еден парче демант со кој што се стреми да го вклучи во игра
Ријасетот. Мола Суло ниту вчера, ниту денес, но и завчера го нема собрано Ријасетот, немат одржано никаква седница и не било донесена ниту една одлука. Замислете до која мера е спремен да манипулира за да го спаси својот сопствен газ. Реагира во името на еден колективен орган без да биде свикан и повикан за некојси состанок. Единствен повик од Мола Суло бил да вработени на ИВЗ за 1,2 јануари да не се појават на работа поради Нова Година. Додека, замислете го патриотот за 28 Ноември им наредува сите вработени да бидат на своите работни места.
Мола Суло не ни ги покажувај трагите затоа што сите ја гледаат мечката. Поради тоа, не ни кажувај дали повикот е точен или лажен, кажи ни кога ќе им ги доставиш (доделиш) парите на жителите на Хасанбег-Сингелиќ, за волја на оние деца, оние жени, оние семејства, кои што полудуваат од ладниот мраз на овие денови, додека твоето семејство си ужива пред камините и оџаците кои громуваат од дрвја и жар.
Уште едно прашање.  На овој последен состанокна Ријасетот, кој имал задача да го демантира повикот (!!!) дали ги има известено членовите на Ријасетот во врска со парите кој што ги има донесено Тернава и Бручај, тие од Босна и другите од Прешевската Долина. Како влегоа и излегоа тие финансии, каде отидоа и кој ги има оплачкано. Ти согорува опашката Мола Сула, не си во сон...

( Следуваат потписите на 97 имами на земјата)...


Top